За фестивалот

Пиво фест е пивски фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на општината Прилеп и стопанските субјекти. Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на градот. Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители.
Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладното пиво и секако масовната посетеност.
Фестивалот има стекнато традиција, и на туристичката карта на Прилеп има едно од најважните места. На фестивалот гостуваат екстрадни ѕвезди од регионот. Во 2009 главен гостин била хрватската пејачка Северина. На фестивалската забава во 2007 учествувале над 350.000 посетители од Македонија и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара.
На двете бини во центарот на градот настапиле 30-ина музички имиња и од забавната и од народната естрада.
На 15-те штанда на шесте пиварници и десетте скараџии немало слободно место. Имало организирани посети од Грција и од Бугарија, а имало туристи и од Кина.

camping_icon2use-waste-basketdui_4

2789562
 

Кампинг на
Паркот на Револуцијата
Могила

Чувајте ја околината ! - Користете корпи за отпадоци! - Не возете под дејство на алкохол !