web

РАЗГЛЕДАЈ ГО ПРИЛЕП

Маркови кули

DSC_5507.JPGFUN_8445.JPGFUN_8412.JPGDSC_5520.JPG

Тврдините  Маркови  Кули  се симбол на градот Прилеп.  Градени се за време на моќните македонски кралеви и нивниот доминантниот одбранбен  систем,   ги  прави  единствени  на  Балканот.  Името  го добиле  по  последниот  крал,  најпознатиот  и  во  народното  епско творештво опеаниот Крал Марко, заштитникот на обесправените и угнетените, кој владеел до 1395 година.

Марковите  кули  се  една од петте најголеми тврдини на Балканот. На  падините  на  Маркови  Кули  непосредно  над  Варош  се  наоѓа прекрасното ремек дело на природата петроглифот „Слон“.

Зрзе

1.jpg3.jpg2.jpg4.jpg

Културниот комплекс “Св. Преображение”, с. Зрзе  се  наоѓа 35 км северозападно од Прилеп. Со систематските археолошки ископувања 20082009 година беа откриени остатоци од старохристијански комплекс (трикорабна базилика со нартекс на западната страна, баптистериум со крстообразна писцина,гробишно плато непосредно до олтарната апсида со засводена гробница на агол,атриумски сегмент, гробници, гробови и др.), датиран во времето од IV до VI век,како и делови од средновековна монашка населба (четириесет и осум функционални целини, именувани како испосници, тихувалишта, работилници, комуникациски  платоа и сл., како и делови од уште дваесетина други објекти), временски определена во времето од доцниот IX до крајот на XV век. Сето ова укажува дека културната традиција на манастирот се надоврзува со богатата античка традиција.

Трескавец

FUN_4850.JPGFUN_4841.JPGFUN_4814.JPGFUN_4806.JPG

Манастирскиот комплекс Трескавец со црквата “Успение на Св.Богородица” е подигнат врз постаро култно место. Црквата е изградена во XIII век. Подоцна неколку пати манастирскиот комплекс е рушен и обновуван. Во внатрешноста на црквата се наоѓа двокрилна резбарена врата која датира од XVI век и припаѓа на прилепско — слепчанската школа. Живописот во црквата “Успение на Св. Богородица” во манастирот Трескавец е работен во неколку фази. Најстариот живопис е изработен во периодот помеѓу 1334 и 1343 година. Во овој ансамбл фрески посебно вниманиепривлекуваат илустрациите од календарот, кој содржи многу интересни иконографски претстави. Стиховната форма на сигнатурите кај овие календарски сцени го зголемува нивното значење, бидејќи таа е редок пример и во самата византиска уметност. Како посебна целина се одделува и живописот во северозападната купола каде е насликана композицијата Небесен двор.

Стара Чаршија

DSCF0315.JPGFUN_3069.JPGIMG_5088.jpgIMG_3672.jpg

Старата чаршија во Прилеп е урбанистички комплекс којшто својот најголем  подем  го  има  во  втората  половина на XVIII и почетокот на XIX  век,  кога  Прилеп  бил  развиен  трговски  и  занаетчиски  центар. Во втората половина на XIX век, после  серијата  пожари  коишто  ја зафатиле  чаршијата  во  1854 година, во 1866 година и во 1873 година, економската и трговската моќна  Прилеп  опаѓа.   Денешниот  изглед чаршијата го добива во втората половина на XIX и  првата  половина на XX век.

Саат кула

DSC_2715.JPGIMG_0177.JPGDSC_2713.JPGIMG_0181.JPG

Саат кулата е изградена во центарот на  Старата  чаршија  во 1858  година на местото на постара дрвена  Саат кула, којашто изгорела во пожар што ја зафатил целата Стара чаршија во 1854 година. Ја изградил познатиот прилепски мајстор Петре Лауцо со неговата тајфа. Градена е на шестоаголна основа со масивни делкани камени блокови во висина од 20,50 м и скелетен систем од дрвена конструкција. Вкупната висина на објектот е 38,76 м. Интересен податок за Саат кулата во Прилеп е тоа што таа има инклинација од 114, 4 см., поради што е во тек изготвување на студија за конструктивна консолидација на нејзиниот надземен дел.

Галерија на икони

Freska Arhangel Gavril XII vek.jpgikona.jpgBaba Nedelino Uciliste.jpgArhierejska odezda - G.G. Angelarij.jpg

Оваа галерија е една од најубавите во Македонија. Бројот на презентирани икони е 66 и тие се хронолошки поместени, почнувајќи од XVI и завршувајќи со XIX век. Најстар експонат е фреската со ликот на Архангел Гаврил, пронајдена при археолшките ископувања во манастирот “Св Архангел Михаил” во Варош. Оваа фреска се датира во средината на XII век и по својата уметничка вредност може да се споредува со ангелите од црквата “Св. Ѓорѓи” во Курбиново. Следува иконата Богородица со Христос, единствена ретуширана икона. При нејзиното чистење констатирано е постоење на два слоја. Горниот слој кој потекнува од XVII век и е со ликот на Исус Христос, со конзервација дел по дел е раслоен и поставен на нова дрвена подлога. Под овој слој е откриена постарата икона на Богородица со Христос од XVI век. Карактеристични се двете икони на Исус Христос и Архангел Михаил, чии ликови имаат ископани очи. Постојат две верзии за честото ископување на очите на светците од иконите во минатото. Според едната, се верувало дека ископаните очи ако ги однесат дома и ги чуваат како реликвии ќе им донесат здравје, бериќет и друго. Според другата верзија, очите на светците претставени на иконите ги ископувале турските разбојнички банди поради чувство на страв затоа што ги гледаат додека тие ги ограбувале црквите и манастирите. Најубавиот експонат во Галеријата секако е Чинот, подарен од монасите од манастирот во село Зрзе, а кој потекнува од селската црква “Св. Никола”. Чинот е изработен од познатиот иконописец Јеромонах Јован во 1535 годинја. Централна сцена е Деисизот во средината на престол седи Исус Христос, лево и десно од него се Св. Богородица и Св. Јован Крстител и лево и десно од нив во низа се насликани во шест Христови апостоли. Развиената перспектива, како и мошне убавиот инкарнат на боите, придонесуваат Чинот да претставува ремек дело на иконописот од XVI век.

Покарактеристична е иконата Св. Христофор или Христоносец, изработена кон крајот на XIX век од непознат мајстор. Главата на светецот е во суштина кучешка глава. Според една легенда, Исус Христос кога не можел да премине преку надојдената река бил пренесен преку неа од страна на еден воин од блиското канибално племе со кучешки глави.

Музеј за тутун

FUN_7913.JPGFUN_7908.JPGFUN_7897.JPGFUN_7905.JPG

Од богатиот фонд 2000 собрани и обработени експонати, во Музејот на тутун изложени се 750. Најбројни се лулите. Богатство на мотиви, орнаменти, голем дел од нив се од познати светски производители меѓу кои и оние што биле изложени на светските изложби во Виена и Париз во 18 и 19 век. Гордост на музејот се и чубурите. Направени од злато, сребро, седефслонова коска и коска од носорог, овие вистински раритети Бурмутниците ги презентираат времињата во кои тутунот се користи како лековито средство, со неизоставниот печат на преовладувачкиот дворски вкус. Впечатливи се оние од ликово дрво, желкина кора и нефрит.Вредноста на експонатите за производство, преработка и уживање на тутун го сместија овај музеј во еден од најубаво опремените на Балканот. Збирката по својот раритет, исклучителност и убавина не ги остава рамнодушни посетителите, потсетувајќи со својата луксузност дека тутунот е феномен на апсурдот. Оваа ретка музејска збирка за среќа не е само привилегија за пушачите и стручњаците, за посетителите е вистински празник за очите.

Instagram logo.svg

skica

preporaki